Најдобриот кошаркар на репрезентацијата на Германија, Денис Шредер, не најде на насловните страници германските медиуми, поради еден необичен настан. На враќањето во хотелот, по вчерашниот натпревар против Литванија, Шредер заборавил 21.000 евра во автобусот што ги пренесувал германските репрезентативци од салата до хотелот во Тел Авив. Кога сфатил што му се случило, Шредер кренал паника, па тргнале во потрага по изгубените пари.
Германскиот репрезентативец имал среќа и ги нашол парите таму каде што ги оставил во автобусот. Од „купчето“, како што објави „Билд“, недостасувале само 500 евра.
Но, тука не завршиле проблемите за кошаркарот на НБА тимот на Атланта хокс бидејќи официјалните лица од Германската кошаркарска федерација сакаче да знаат зошто нивниот репрезентативец со себе носел толкава сума пари.
„Сакав да ги однесам играчите на вечера“, одговорил Шредер.
Во октомври 2016 година, Шредер го продолжи договорот со Атланта за уште една сезона во која ќе заработи 7 милиони долари, па со оглед на неговата „плата“, не чуди сумата што ја одвоил за вечера со соиграчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

