Србите подобри од домаќинот среде Истанбул, европскиот првак очекувано триумфираше против Романија

Дерби натпреварот помеѓу репрезентациите на Србија и Турција припадна во корист на вицешампионот од последниот Евробаскет. Србија славеше со резултат од 80-74 (21-13, 15-18, 17-14, 27-29), во крајно неизвесниот меч во „Улкер Спортс“ арената во Истанбул.

Турскиот состав по отворањето на резултатот преку тројка, дозволи на српската репрезентација да превземе контрола во воведните минути. Избраниците на Ѓорѓевиќ ги искористија грешките на Турција , па стигнаа и до +11 кон крајот на првата четвртина, и ја освосија со резултат од 21-13.

Цврстиот старт на Србите во втората четвртина најавуваше дека ќе биде ова лесен плен за тимот на Ѓорѓевиќ, но потоа серија од 10-0 и Турција ја намали негативата на само еден кош, и така се врати неизвесноста на средбата. На полувремето Србија замина со предност од 36-31, иако Турција ја освои четвртината со 18-15.

Нашиот северен сосед се справуваше со притисокот и на теренот, и од публиката. Во два наврати стигнаа до двоцифрена предност во третата четвртина, додека составот на Турицја имаше неколку шанси за намалување на разликата. Само +8 за српската репрезентација во последните 10 минути, јасно беше дека ќе треба со сите сили да ги бранат.

Завршница како што му прилега на овој двобој, приредија репрезентациите во „Улкер Спортс“ арената. Турција конечно стигна до првото водство на само 5 минути до крајот, но од тогаш Србија го одржа резултатот во нивна корист. Кога беше најпотребно Богдановиќ го искористи своето најдобро оружје, и придонесе за втората победа на својот тим на ова првенство, 80-74.

Богдан Богдановиќ повторно беше лидер на тимот, со 17 поени, 4 скока и 2 асистенции, додека на Стефан Јовиќ му недостасуваше една асистенција за дабл-дабл учинок, забележа 15 и 9 асистенции. За репрезентацијата на Турција Meлих Махматоглу беше најефикасен со 19 поени, додека Чеди Осман  заврши со 15 поени, 5 асистенции и 4 скока.

image (1)

Репрезентацијата на Шпанија очекувано триумфираше против Романија со резултат од 91-50(21-19, 20-8, 29-8, 21-15) . „Црвената фурија“ и во третиот меч на Евробаскетот немаше поголеми проблеми, Романците беа без одговор цели 40 минути.

Шпанците го започнаа мечот без По Гасол, чие отсуство не се почуствува на теренот. Тимот на Скариоло веднаш ја превзеде иницијативата, но по првите десет минути имаа само минимално водство од еден кош(21-19).  Во втората четвртина сосема друга слика, Шпанија направи серија од 12-0, со што се најавуваше новата голема победа. На паузата разликата беше 14 поени во корист на фаворитот, откако ја освоика четвртината со резултат од 20-8(41-27).

Во продолжението „фуријата“ продолжи да го полни кошот на отпишаните Романци. Како и во втората четвртина, Шпанците дозволија да примат само 8 поени, додека постигнаа 29, изградени преку неколку кратки серии од 6-0. Во завршницата Шпанија влезе со предност од +35. Кон половината од последната четвртина стигнаа и до највисоки +44, за на крајот да конечниот исход да биде во корист на Шпанците со резултат од 91-50.

Хуан Ернангомез имаше свој ден со 18 поени и 11 скока, додека Пјер Ориола и Марк Гасол постигнаа по 11 поени. Кај тимот на Романија, Влад Молдовену беше единствениот кошаркар со двоцифрен број на поени, забележа 15, а на нив додаде и 6 скока и 3 асистенции.

Се вчитува...