Кошаркарската репрезентација на Словенија ја забележа и третата победа на Евробаскет, откако го доби драматичниот меч со Грција (78-72). И двете селекции имаа свои добри и лоши периоди во оваа пресметка, но Словенците блеснаа кога беше најпотребно, пред самиот крај и стигнаа до значаен триумф.
Словенија ја доби првата четвртина со 23-13, но на полувреме замина со преполовена предност (35-30). Грците одиграа одличен трет период и го свртеа резултатот во своја корист, и во последната четвртина имаат позитива од осум поени (60-68). Сепак, Дончиќ, Муриќ и Драгиќ блеснаа во решавачките моменти и на крајот донесоа победа од 78-72.
Лука Дончиќ со 22 поени беше најефикасен играч во победничката селекција, додека Костас Слукас уфрли 18 за Грците.
Украина стигна до својата прва победа на шампионатот славејќи над Грузија со 88-81.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА