Арсенал му нуди на Алексис Санчез да стане најплатен играч во Премиер – лигата

Англискиот премиерлигаш Арсенал се обидува да го „врзе“ Алексис Санчез со нов договор, со оглед дека по завршувањето на оваа сезона ќе може да го напушти клубот како слободен агент. Менаџерот Арсен Венгер смисли план, да го направи Чилеанецот најплатен фудбалер во Премиер – лигата, но доколку стави потпис на нов договор.

Арсенал е подготвен на Алексис Санчез да му даде неделна плата од 300.000 фунти, доколку се согласи да остане на „Емирати“ и во наредниот период. Најдобрата досегашна понуда на Арсенал беше 225.000 фунти неделно, која може да се зголеми и до 275.000 фунти со разни бонуси. Но, сега раководството на клубот оди чекор понатаму во понудата за Алексис Санчез.

Тој нема да биде подготвен за настап на вечерашната премиера од новата сезона, кога Арсенал на домашен терен ќе го пречека Лестер. Ќе мора да паузира најмалку седум дена поради повреда на стомачните мускули.

Се вчитува...