Откриено што му викаше Салах на Клоп: Ќе добијам црвен картон, после седум години верност…

Натпреварот помеѓу Вест Хем Јунајтед и Ливерпул во 35. коло од Премиерлигата го одбележа и кавгата покрај аут линијата помеѓу германскиот стратег Јирген Клоп и најдобриот фудбалер на тимот, Мохамед Салах.

По вториот гол на „чекичарите“, Клоп се одлучи да направи тројна замена, а еден од оние кои влегуваше на теренот беше токму искусниот Салах. И покрај тоа што се уште не ни стапна на теренот, Египќанецот влезе во вербална расправа со Германецот, а интервенцијата на Нуњез и Гомез спречи поголем инцидент.

Оваа немила сцена веќе неколку денови е топ тема за англиските медиуми кои отидоа и чекор подалеку ангажирајќи читач од усни кој откри дел од разговорот помеѓу лидерите на Ливерпул.

„Не можам ништо да направам за тоа“, проговоре Салах, а одговроот на Клоп не можеше да се види на снимката, но јасно е репликата на тренерот дополнително го изнервира напаѓачот кој почна да вика дека ќе добие црвен картон кога ќе влезе во игра.

„Сакам, ќе добијам црвен картон. После седум години играње, после седум години играње“, повторуваше бесниот Салах.

Се вчитува...