Тотенхем е еден од тимовите со најголем напредок во Премиер – лигата изминативе неколку сезони. Минатиот шампионат го завршија како второпласирани зад шампионот Челси, додека во сезоната 2015/16 се задоволија со третото место, иако долго време се бореа за титулата со Лестер. Тимот од северен Лондон е еден од оние кои играат најубав, највозбудлив фудбал на Островот, иако во нивниот почетен состав нема фудбалери за кои платиле астрономски суми.
Точно е дека не секогаш новите фудбалери ги оправдуваат очекувањата и потрошените средства за нив, како Јансен и Сисоко, но Тотенхем има почетен состав кој е купен за помала вредност од трансферот на Пол Погба во Манчестер јунајтед. „Спарси“ дури ја наполнија касата со трансферот на Кајл Вокер во Сити, но засилувања допрва треба да пристигнат на „Вајт Харт Лејн“.
Хуго Лорис – 7.9 милиони фунти од Лион
Ерик Даер – 4 милиони фунти од Спортинг Лисабон
Тоби Алдерверелд – 11.4 милиони фунти од Атлетико М.
Јан Вертонген – 9.5 милиони фунти од Ајакс
Киеран Трипие – 3.5 милиони фунти од Барнли
Виктор Ванјама – 11 милиони фунти од Саутемптон
Mуса Дембеле – 15 милиони фунти од Фулам
Кристијан Ериксен – 11.5 милиони фунти од Ајакс
Деле Али – 5 милиони фунти од МК Донс
Хари Кејн – младинска академија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА