Немања Матиќ доаѓа на лекарски прегледи на „Олд трафорд“

Манчестер јунајтед го договори трансферот на српскиот интернационалец Немања Матиќ од редовите на Челси. Тој наредните денови треба да пристигне на медицински прегледи на „Олд трафорд“ и да потпише договор со „црвените ѓаволи“. Матиќ доаѓа на инсистирање на менаџерот Жозе Мурињо, кој претходно со него работеше во Челси и добро ги познава неговите квалитети.

Според медиумите на Островот, Немања Матиќ ќе потпише четиригодишен договор со Манчестер јунајтед, според кој ќе заработува фантастични 150.000 фунти неделно.

Што се однесува до Челси, англискиот првак ќе заработи 30 милиони фунти од продажбата на овој фудбалер, ангажиран пред неколку години од Бенфика.

Се вчитува...