Роналдо го врати Крузеиро каде што му е местото, па го продаде

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо ја објави продажбата на Крузеиро, клубот во кој стана сопственик пред две години.

„Мојата мисија е исполнета. Целта беше да се обнови Крузеиро, да се врати таму каде што припаѓа и да се предаде на вистинската личност“, изјави светскиот шампион од 2002 година на прес-конференција во Бело Хоризонте.

Со него беше и новиот сопственик на клубот, Педро Лоренцо, милионер кој раководи со еден од главните супермаркети во земјата.

Се вчитува...