Таварес: Сакам да останам во Реал Мадрид

Центарот на Реал Мадрид, Еди Таварес јавно говореше за желбата да остане дел од шпанскиот клуб и во годините кои следат.

Икусниот 32-годишник кој е клучен кошаркар на актуелниот шампион на Евролигата вели дека му се допаѓа се поврзано со Мадрид и Реал.

„Се надевам дека ќе постигнаме договор и ќе останам во Реал Мадрид. Среќен сум тука, децата ми се среќни тука, го сакаме градот, ја сакаме културата, тоа какви се луѓето тука, како живеат и што Реал Мадрид претставува.

Какви се работите во тимот, желбата и копнежот за победи како што видовме и на натпреварот во Лигата на Шампиони против Баерн Минхен. Ме прави среќен тоа што сум тука и сакам уште повеќе да напреднам. Тука нема опуштање, мораш постојано да бидеш на највисоко ниво и тоа ми прилега“, изјави Таварес.

Се вчитува...