Манчестер Јунајтед одигра нова разочарувачка сезона во која рано беше елиминиран од европските натпреварувања, а и по последниот натпревар во Премиерлигата заврши на осмото место на табелата.
Како мала утеха навивачите на „црвените ѓаволи“ ќе го имаат фактот дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо го постигна голот на сезоната во избор на фановите.
Истиот доаѓа од натпреварот против Евертон одигран во Ливерпул на 26 ноември минатата година кога Манчестер Јунајтед славеше со 3-0, а Аргентинецот со „ножички“ ја воодушеви јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА