Минималец на Алавес против Хетафе (ВИДЕО)

Фудбалерите на Депортиво Алавес славеа на домашен терен против Хетафе со минимални 1-0 во единствениот натпревар од денешната програма во 37. коло од шпанската Ла лига.

Освен престиж бидејќи двата тима се еден зад друга на првенствената табела овој натпревар немаше никакво резултатско значење бидејќи и Алавес и Хетафе одамна обезбедија опстанок, а далеку се и од местата кои водат во Европа следната сезона.

Клучниот момент во натпреварот се случи уште во 12. минута кога Висенте го постигна погодокот вреден три бода за домашниот тим.

Alaves 1-0 Getafe – Carlos Vicente 12′
byu/Meladroitdimage insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...