ПСЖ подготвува „одмазда“ за Реал Мадрид поради Мбапе

Веќе е извесно дека Килијан Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид. Се очекува само официјалната промоција, за одличниот Французин да пристигне на „Бернабе“ и да почне да се прави „дрим-тимот“.

Меѓутоа ПСЖ нема да седи со скрстени раце, и веќе подготвува „одмазда“ за овој трансфер. Така според француските медиуми, тимот од Париз ќе тргне по играчот на Реал, Ферлан Менди. Наводно Французинот бил голема желба на сопственикот Насер Ал-Келафи.

Менди игра стандардно под водство на Анчелоти, па ова би било голем удар за Реал на левата бековска позиција. Меѓутоа можеби и нема толку да се почувствува неговото заминување, само ако Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен стане дел од Реал за време на летниот преоден рок.

Се вчитува...