Шпанија ја „дрма“ голем скандал: Клубот на Димитриевски пријави „местенка“ во Ла Лига!

Како гром од ведро небо одекна веста дека е на повидок огромен скандал и тоа во шпанската Ла Лига околу наместен натпревар. Во прашање е мечот од 35. коло помеѓу Севилја и Кадиз, во кој домашниот тим славеше минимален триумф.

За Севилја овој меч беше без резултатско значење, со оглед дека беа на средината на табелата. Кадиз со гол во шестата минута од судиското надополнување славеше и остана во игра за опстанок.

Во саботата во вечерните часови е објавено дека тимот на Рајо Валјекано, во кој настапува и нашиот Столе Димитриевски, поднесе пријава за мечот, наведувајќи дека е класична „местенка“.

Рајо има 38 бодови, Селта 37, Мајорка 36, Кадиз 32 на две кола до крајот, додека Гранада и Алмерија веќе математички испадна во Сегунда.

Се вчитува...