Сорлот му даде четири гола на Реал Мадрид, Рајо на Столе опстана со пораз од Барселона (ВИДЕО)

Претпоследното коло во шпанска Ла Лига, донесе неколку интересни резултати. Особено во фокусот беше во Виљареал, каде што домашниот тим се врати од „мртвите“, и од 1-4, стигна до 4-4, благодарение на Арне Сорлот.

Норвежанецот имаше партија на која ќе се сеќава до крајот на животот. Му даде четири гола на „кралскиот“ тим и така го спаси својот тим од пораз. Реал Мадрид брзо стигна до 0-2, на полувремето имаше и 1-4. Два гола на Гулер, по еден на Хоселу и Васкез. Потоа Сорлот со хет-трик во вториот дел успеа да спаси пораз, и да ги воодушеви навивачите на „Керамика“ стадионот. Сорлот головите ги постигна во 39. минута, 48. минута, 52. минута и 56. минута. 

Рајо Валјекано загуби на гостувањето кај Барселона со 3-0, благодарение на Левандовски и на двата гола на Педри, но Рајо успеа да избори опстанок во Ла Лига, затоа што Кадиз не успеа да победи.

Токму Кадиз заедно со Гранада и со Алмерија испаднаа во Сегунда, додека се познати и учесниците во ЛШ од претходно (Реал, Барселона, Жирона и Атлетико Мадрид), а во ЛЕ одат Билбао и Сосиедад. Бетис оди во Лигата на конференции.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...