ЕКИПА во Брест, Белорусија
Томас Ѓоргиевски
Тимир Дибиров не го криеше задоволството по освојувањето на третата титула во СЕХА лигата и големата победа над унгарскиот Веспрем.
„Многу сме среќни затоа што цела година напорно работевме за да дојдеме до овие победнички минути. Оваа е победа за целата екипа, од играчите па се до стручниот штаб, затоа што за да победиш една ваква екипа како Веспрем треба секој да даде повеќе од 100% од себе. Мислам дека финалето го одлучи тоа што ние бевме максимално концентрирани во текот на сите 60 минути, затоа што знаевме што сакаме“ – истакна по мечот Дибиров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА