Кузмановски: Го одбрав Металург и мислам дека не погрешив

Филип Кузмановски минатата сезона дојде од Пелистер во Металург како голем талент и иднина на македонскиот ракомет. „Небрусениот битолски дијамант“, како што го нарече тренерот Лино Червар,  со својот талент брзо дојде до израз во настапите за Металург и од лани покрај во младинската избори место и во сениорската репрезентација на Македонија. Настпот на ЕП 2016 во Полска го сврте вниманието на европската јавност кон новиот макледонски талент и интересот на неколку големи европски клубови кои се обидоа да го донесат во своите редови. Но, стратегијата на Металург беше талентираниот бек да го задржи во своите редови, а 20-годишниот Кузмановски ја одбра таа, како што вели најдобра, опција за натамошен напредок во неговата кариера.

„Среќен сум и задоволен во Металург и тоа беше пресудно да решам да останам овде и да го продолжам договорот со клубот. Сега сум и капитен  на екипата и имам уште поголема одговорност. Имав неколку опции  и понуди по завршувањето на договорот со Металург да заминам во друг клуб,  но мислам дека ја одбрав најдобрата и за мене најправилната одлука за напредок во мојата кариера – истакнува Филип Кузмановски.

Младиот бек на Металург поради повреда го пропушти настапот со македонската репрезентација на СП во Франција. Се врати на терен за клупските настапи на почетокот од вториот дел од сезоната и имааше забележителни настапи на првите два натшревари против Веспрем во гости и вчера против Загреб во Скопје.

Се вчитува...