Филип Миркуловски го чека нова принудна пауза од ракометните терени поради повреда. Македонскиот реперзентативец се повреди на вчерашниот натпревар во Бундес-лигата во кој Вецлар славеше против Мелсунген (27-22). На средината од првиот дел, Миркуловски со болна гримаса на лицето, со помош на соиграчите го напушти теренот и повеќе не се бврати во игра.
Според информациите објавени на клупскиот сајт на Вецлар, македонскиот бек има повреда на тетивата. Денеска треба да му бидат извршени дополнителни прегледи и снимање по што ќе се знае точно за каква повреда се работи и колку време ќе биде потребно за рехабилитација.
Миркуловски и на СП во Франција во јануари имаше проблем со повредата на мускулот на ногата поради што не можеше да настапи на осминафиналниот дуел против Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА