Многу познати лица, пријатели на ракометот, поранешни и актуелни функционери, поранешни играчи, тренери, судии, контролори, претставници на навивачите и бројна новинарска екипа беа присутни на денешното редовно Изборно Собрание на РФМ на кое Живко Мукаетов со акламација беше резибран за претседател на РФМ со нов четиригодишен мандат.
Изборното Собрание на РФМ, на едно место собра многу „македонски ракометни умови“ со поддршка за Живко Мукаетов и за работата на РФМ под негова палка во насока за развој и напредок на ракометот.
Меѓу присутните на денешното собрание беа поранешниот претседател на РФМ, Трифун Костовски, Марјан и Драган Начевски, поранешниот репрезентативец Наумче Мојсовски сега нов член на УО на РФМ, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, претседателот на тренерската организација, Гино Стрезовски, еден од најголемите финансиери во историјата на РК Пелистер, Силјан Мицевски, како и претставниците на сите клубови и ракометни здруженија во улога на челнови на Собранието.
[new_royalslider id=”499″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА