Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски дебитираше во дресот на јапонскиот прволигаш Јокохама на дуелот против Омија Ардија.
Јокохама ремизираше со 2-2 против тимот, исто така, од елитната лига во Јапонија, на дуелот кој согласно договорот на двата стручни штаба се играше во три полувремиња. Бабунски настапи од првата минута на натпреварот и одигра 62 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА