Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски е избран за најдобро десно крило во тимот на 17.коло во првенството на Романија. Георгиевски постигна пет гола и беше еден од клучните играчи во тимот на ЧСМ Букурешт предводен од Звонко Шундовски, во победата на гостувањето против Фоскани со 24-33.
Убедлива победа во ова коло славеше и тимот на Одорхеи против Сату Маре (38-28). Горан Кузманоски беше стрелец на три, а Гоце Ојлески постигна еден гол за Одорхеи, додека Милорад Кукоски беше стандарден во одбраната на домашниот тим.
Златко Даскаловски запиша 11 одбрани, а Филип Лазаров беше стрелец на еден гол за тимот на Темишвар кој загуби на гостувањето кај лидерот на табелата Динамо Букурешт (27-19).
Динамо Букурешт е на прватра позиција со 44 бода, Констанца за која настапува Бранислав Ангеловски е на 2.место со еден бод помалку, а Одорхеи е на третата позиција со 38 бода. ЧСМ Букурешт е петти со 33, а Темишвар е на осмата позиција со 23 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА