Изборно Собрание на РФМ- Клубовите со поддршка за Мукаетов

Актуелниот преседател на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, е пред реизбор на функцијата за втор четиригодишен мандат на утрешното Изборно Собрание на РФМ што ќе се одржи во салата на Собранието на Град Скопје, со почеток во 18.30 часот.

Системот на работа и вложувањата во македонскиот ракомет во изминатите четири години на Мукаетов му носат доверба и поддршка од сите релевантни фактори во ракометот, да остане на чело на РФМ.

Сите клубови и ракометни здруженија неофицијално, изразија поддршка за актуелниот престедател на РФМ, а тоа се очекува да биде верификувано и на утрешното Годишно Собрание на клубови што ќе се одржи пред Изборното Собрание на РФМ.

Клубовите се обединија и застанаа зад Мукаетов и во април минатата година кога претседателот поднесе оставка на функцијата како морален чин по неуспехот на машката репрезентација во квалификациите за пласман на ОИ во Рио.

Се вчитува...