Во ситуација кога Металург претрпе убедлив пораз од 33-21, на Лино Червар не му преостана ништо освен да му ја честита победата на поквалитетниот противник. Разликата во класи меѓу Веспрем и Металург беше очигледна на денешниот натпревар, а на Червар е што поскоро да извлече поуки и да ги пренесе врз своите избраници.
„Пред се честитки до Веспрем за одличната партија. И пред мечот знаевме дека ќе ни биде многу тешко, Веспрем покажа дека е поквалитетен тим од нас. Почнавме добро, но потоа направивме многу грешки. Веспрем покажа поголем квалитет и заслужено победи, верувам дека следниот меч ние ќе играме многу подобро“ – изјави Лино Червар на прес-конференцијата по натпреварот.
Сличен беше ставот и на српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ, кој го заврши натпреварот со три гола од седум обиди.
„Немам што премногу да додадам на она што го кажа нашиот тренер. Веспрем одигра подобро од нас, на повисоко ниво, ние не игравме онолку добро колку што знаеме. Честитки за противникот“ – истакна Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА