Светското првенство во екстремен спуст на лизгалки се враќа во Сент Пол шеста година во низа, а токму двајца натпреварувачи кои се родум од Минесота се на врвот од генералниот поредок. Максвел Дан и Камерон Неш се лидери во средината од сезоната во 2016/2017 година, при што се возат уште пет трки од „Купот на лизгачитге“, но тие носат само по 25% од бодовите кои се достапни во главните трки.
Трката во Сент Пол е една од фаворитите во календарот благодарение на огромната публика што се собира во центарот на градот, како и на ридот пред катедралата која претставува градска икона. Трките се одржуваат тука од 2012 година и придонесе за голема популаризација на спортот во Соединетите Американски Држави. Првата трка ги лансираше и кариерите на неколку американски лизгачи, вклучувајќи ги Неш и Дан, директно во врвот на ешалонот на најбрзиот спорт на лизгалки во светот.
Дан има летечки старт и во моментов е прв со 1.800 поени со освоени 3 втори места во последните три настапи, двете трки од Red Bull Crashed Ice во Марсеј и Јиваскила, како и една од „Купот на лизгачите“ во Рауталампи, Финска. Неш е второпласирансо 1.750 поени откако беше прв во Марсеј, но трет на двата настапи во Финска. Канаѓанецот Скот Кроксал е шампион од 2015 година, но и сега има аспирации за светскиот наслов со 1.712,5 поени. Победникот од Сент Пол ќе си замине со 1.000 нови поени зад своето име по оваа трка.
Натпреварувачите во овие трки на екстремен спуст по замрзнатата патека мораат да се справат со препреки кои ги „изместуваат“ додека тие јуришаат со 80 километри на час. Првите двајца од секоја трка се пласираат за натамошен настап во следната рунда, при што бројот на натпреварувачи се намалува од 128 до последните четворица, кои минуваат низ екстремен тест на издржливост, кондиција и совладување на пречките.
Минесота и Соединетите Американски Држави се едни од најентузијастички расположените нации за екстремниот спуст на лизгалки, токму благодарение на успехот на трката во Сент Пол. Четири од првите седуммина се Американци, односно по Дан и Неш, Ден Вити е на петто место, а Даниел Брегстон е седми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА