Арбитражниот суд за спорт во Лозана, како што дознава ЕКИПА, следната недела (на 3. февруари) ќе ја соопшти одлуката за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, и неговата жалба против УЕФА по изречената четиригодишна суспензија од Европската куќа на фудбалот поради допинг.
Според информациите на ЕКИПА, максимално позитивни се најавите кои доаѓаат од Лозана околу фудбалската судбина на членот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец. Иако е сосема јасно дека одлуките на Арбитражниот суд се чуваат во најголема тајност, и не може да се знаат се до денот на соопштување на истите, сепак, согласно текот на процесот на сослушување и согледувањето на комплетните докази од страна на Судот, дознаваме дека Аријан Адеми со сигурност ќе добие намалување на изречената казна од УЕФА. Според нашите информации, Адеми треба да добие намалување на казната на две или една година суспензија, што во суштина ќе значи враќање на фудбалските терени.
Доколку казната се намали на две години суспензија, тогаш Адеми од септември 2017 година ќе може повторно активно да се врати на професионалниот фудбал. Од адвокатскиот тим на македонскиот репрезентативец не ја исклучуваат и можноста за комплетно укинување на изречената суспензија.
Како што е познато, жалбата во Лозана против УЕФА е последната голема битка на Адеми за докажување на својата невиност. Адеми во Лозана беше сослужан на 28. октомври минатата година. Претходно, УЕФА крајно некоректно се понесе кон македонскиот фудбалер, па во жалбената постапка не сакаше дури и да го сослуша со сите свои докази и укажувања. Тогаш, воопшто не беа слушнати аргументите и погледнати доказите од две независни, одделни, лаборатории кои потврдиле дека Адеми бил позитивен затоа што примерокот од легален суплемент кој го земал, бил контаминиран со недозволена супстанца. Но, не по грешка на играчот, туку на производителот!
Познато е дека количеството на станозолол во крвта била минимална, според доказите, доволна за позитивен тест, но недоволна да било како користи на перформансите на Адеми. Тоа го знаат и од УЕФА, која во жалбената постапка била без милост, и без детално сослушување потврдувајќи ја четиригодишната суспензија за македонскиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА