Словачката скијачка Петра Влхова е победничка на слаломот во Лензерхајд, Швајцарија, последен пред почетокот на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг. Таа се искачи на победничкиот пиедестал, заканувајќи и се на Микаела Шифрин дека нема така лесно да и биде ниту на олимпискиот слаломски дуел што ќе претстои. Американката имаше голема грешка на шест капии до целта и на крајот се пласира дури на 27.место, дури 14 секунди зад Влхова.
На второто место се најде шведската скијачка Фрида Хансдотер која задоцни десет стотинки, додека третата позиција и припадна на домашната скијачка Венди Холденер, која стигна на целта со заостанување од 52 стотинки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА