Македонското карате бележи нови успеси на меѓународна сцена. Младиот Фаик Весели стана европски вицепрвак во борби на Европското првенство за кадети, јуниори и младинци што се одржува во Сочи, Русија.
Фаик Весели беше второпласиран во категоријата до 61 килограми, откако во финалето загуби од Хумат Башхалиев од Азербејџан. Претходно, тој имаше одлични борби, а во полуфиналето го совлада Султан Ечајев од Израел. Беше подобар и од Шпанецот Алберто Морено Хименез, Швајцарецот Алесио Ванакоре, како и од Мимогат Балаев од Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА