Един Џеко на дербито со Наполи уште еднаш блесна во вистинско светло носејќи огромна победа на Рома. Воедно, босанскиот ас си обезбеди и место во историјата на европскиот фудбал како прв голгетер со најмалку 50 гола во три различни лиги од Топ 5 шампионатите во Европа.
Се почна во Волфсбург, клуб на кој Џеко му ја донесе и шампионската титула. Тој постигна 66 погодоци за „волците“ по што следеше трансфер во Премиер-лигата, како член на Манчестер сити. Босанскиот ас и таму се закити со шампионски трофеј, воедно и постигна 50 премиерлигашки погодоци за „граѓаните“ пред да го избере новиот предизвик во својата кариера, трансфер во редовите на Рома.
Џеко експресно се наметна и како лидер на „волчицата“, а со головите во Неапол тој ја надмина и границата од 50 погодоци во Серија А постигнати во дресот на римскиот калчолигаш.
Достигнување за почит, нема што.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА