Шоу на Суарез против Мексико: Мајсторија од слободен удар, паненка и супер-асистенција

Мексико и Уругвај синоќа во Хјустон одиграа пријателски натпревар кој комплетно мина во знакот на Луис Суарез.

Уругвај славеше со убедливи 4-1, а најзаслужен за победата беше извонредниот напаѓач на Барселона кој синоќа го покажа сиот свој раскошен фудбалски талент.

Поведе Уругвај преку Хименез во 21. минута, но само четири минути подоцна Мексиканците израмнија од пенал. А, потоа на сцена стапи Луис Суарез. Најпрво во 32. минута постигна извонреден погодок од слободен удар за ново водство на Уругвајците, a на 3-1 зголеми пет минути пред да се оди на одмор, но на извонреден начин со паненка…

А, потоа во 59. минута Суарез изведе уште една мајсторија. Овој пат не постигна гол, но сервираше мајсторска асистенција за Переира кој ги постави конечните 4-1…

Се вчитува...