Во Лајпциг казнува „тркалото на несреќата“

Доцнење на тренинг, забрана за мобилни, преголема килажа, кавги со соиграчите за време на тренинзите, за сите овие, но и за слични прекршоци сите клубови имаат однапред одредени финансиски казни. Но, тоа не е случај со Лајпциг. Тренерот Ралф Рангник не верува во тоа дека најмногу боли кога ќе удриш по џеб.

„Казните ретко менуваат нешто. Играчите сепак најмногу ги боли кога ќе останат без слободното време, особено во слободните денови. На пример, ако мораат да поминат три часа во фан шопот“ – вели Рангник.

Тој ваквата идеја и ја реализирал. Ако некој играч направи грешка, оди на тркалото на несреќата. Како во квизовите. Го врти тркалото и добива казна. Има дванаесет можни санкции.

  1. Асистент за топки: Ги пумпа топките, го носи на терен и ги чисти – 30 минути
  2. Помошник во младинските категории: Тренира некои од екипите во академијата во слободен ден – четири часа
  3. Водич: На посетителите им ги покажува соблекувалните и клупските простории – еден  час
  4. Излегување од затвор: Ова е среќна околност затоа што се минува без казна (израз позајмен од Монопол)
  5. Градинар: Косење на теренот, четири до шест часа во една седмица
  6. Принцеза: Носење на розов дрес или на туту – фустанче за балерини за време на тренингот од 90 минути
  7. Бармен: Подготвување напитоци пред тренингот, полнење на шишињата со вода – 20 минути
  8. Фан шоп: Работа во продавницата за навивачки сувенири – три часа
  9. Кујна: Служење салати во кантината, чистење на масите – 30 минути
  10. Економ: Перење дресови и чистење копачки – 30 минути
  11. Клупски автобус: Товарење пред гостувања – околу час и половина
  12. Подароци за вработените: Купување на ситни подароци за секој од 60-те вработени

 

Се вчитува...