Интересна приказна доаѓа од еден од најстарите клубови во светот Шефилд Јунајтед, кој осигураа пласман во Премиер-лигата следната сезона, откако Лидс не успеа да ја победи Астон Вила во дербито на колото во Чемпионшип. Во центарот на вниманието e фудбалерот од средниот ред Оливер Норвуд, кој трета година по ред се пласира во Премиер-лигата, но никогаш нема заиграно во најсилното натпреварување во Англија.
Поранешниот младинец на Манчестер Јунајтед пред две години играше за Брајтон со кој успеа да се пласира во Премиер-лигата, но изненадувачки од тимот решија да го продадат. Норвуд премина во Фулам, со кој минатата сезона исто така успеа да обезбеди промоција во Премиер-лигата, но и од тимот од Лондон решија да го продадат.
Минатото лето 28 годишниот фудбалер од Северна Ирска, не ја криеше разочараноста за тоа што Фулам го испрати на позајмица во Шефилд Јунајтед, тим кој во јануари го откупи неговиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА