Кристијано Роналдо повторно ја покажа грижливата страна на неговиот карактер. Го запре автобусот на португалската репрезентација која се враќаше од тренинг за да прегрне момче кое стоеше на патот со транспарент, “Кристијано прегрни ме“.
Роналдо побарал автобусот да запре и со помош на обезбедувањето го спровел момчето Едуардо Мореира во автобусот. 11-годишното дете веќе подолг период се бори со леукемија, една од најголемите желби му била да го сретне Роналдо. Ја искористи можноста кога тој со селекцијата на Португалија е во Порто, каде што вечерва ќе го игра финалето во Лигата на нации.
Cristiano Ronaldo stopped Portugal’s team bus to meet 11-year-old Eduardo Moreira.
Eduardo is suffering from an incurable blood disease and was holding up a sign asking Ronaldo for a hug ❤️ pic.twitter.com/eof1RjjiiR
— ESPN FC (@ESPNFC) June 9, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА