Тројца што заминаа од Вардар меѓу дванаесетте најдобри трансфери во ракометна Европа

Игор Карачиќ, миленикот на македонската јавност, лидерот на Вардар до втората титула во Шампионската лига по седум години го напушти Скопје и замина во Келце. Токму ова е најдобриот трансфер на сезоната во изборот на ЕХФ за 2019 година. Покрај Карачиќ на листата од 12 трансфери има уште двјаца екс играчи на Вардар.

Рожерио Мораеш кој премина во Веспрем како и Вуко Борозан кој исто така потпиша со унгарскиот тим. Борозан не ја заврши сезоната во Вардар, поради финансиските проблеми тој замина на среде сезона и не беше дел од успехот на Ф4 турнирот во Келн. Мораеш го има четвртиот најдобар трансфер додека Борозан ја има седмата позиција.

Комплетната листа на најдобрите трансфери може да ја погледнете на овој линк

Се вчитува...