Тажната проштална порака на Иниеста до Фернандо Торес

Фернандо Торес денеска става крај на фантастичната кариера, а судбината сакаше за ривал во последниот меч да го има Андрес Иниеста, вo пресметката од јапонскиот шампионат меѓу Саган Косу и Висел Кобе. Двајцата со години настапуваа заедно во дресот на шпанската репрезентација, а Иниеста во пресрет на натпреварот испрати долга порака со која јасно става до знаење какво е неговото мислење за „Ел Нињо“.

„Многу е чудно, но би рекол прекрасно чудно – еве сме двајцата, да го одиграме твојот последен натпревар во кариерата. Јас имам да одиграм уште малку, но тука сме, на другата страна на светот. Чуден е животот, не однесе дури до Јапонија за да кажеш збогум, а јас да бидам крај тебе. Заедно сме во фудбалот повеќе од 20 години, уште од детството. За мене ти секогаш ќе бидеш „Ел Нињо“ и ништо нема да не раздели. Се сретнавме кога сонувавме неверојатни соништа. Голот што го постигна за У16 репрезентацијата во Англија, никогаш не заборавив дека ми го посвети мене, затоа што не играв поради повреда. Ја почнавме авантурата заедно, далеку од славата и камерите, а низ годините споделивме илјадници искуства пред да го освоиме светското првенство за нашата земја. Чудно е, уште немаш заминато, а веќе ми недостигаш“ – напиша Иниеста.

Фернандо Торес поголемиот дел од кариерата го мина во дресот на Атлетико Мадрид. Имаше одличен период во Ливерпул, но по трансферот во Челси кариерата почна да му се движи во надолна линија. Се врати во Атлетико, тим со кој играше во финалето од ЛШ во 2016 година, но беше поразен од Реал Мадрид.

Се вчитува...