Европскиот првак Вардар кој е и бранител на титулата во СЕХА и во ослабен состав сепак има пресилен мотор за украинскиот Мотор Запорожје. Голманите не беа на вистинското ниво, но нападот беше одличен, па вардарци ја остварија шестата победа (44-37) во групата од регионалното натпреварување и се наоѓаат на врвот, токму пред Мотор, кој сега има два порази.
Првиот дел беше израмнет, Мотор имаше и минимално водство (12-13) во 21.минута, но, сепак на одмор се замина со скромна предност на „црвено-црните“ (20-19).
По десет минути од второто полувреме Вардар изгради пет гола предност (28-23) и ја чуваше и ја надгради до самиот крај.
Тимур Дибиров беше најефикасен во победничкиот тим со 11 гола, девет и тоа со перфектен ефект имаше Иван Чупиќ, а Данил Шишкарев дополни седум гола во убедливиот триумф.
Првиот стрелец на натпреварот сепак дојде од гостинскиот табор. Стефан Вујовиќ постигна 12 погодоци, а Едуард Кравченко запиша осум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА