Лионел Меси го постигна победничкиот гол за Аргентина на пријателскиот меч со Бразил, но „кариоките“ се бесни на асот на Барселона поради неспортското однесување кон нивниот селектор Тите.
Имено, Меси во текот на мечот често му приговараше на судијата, а кога Тите реагираше барајќи тоа да буде санкционирано, Аргентинецот се сврте кон противничкиот кормилар со порака „да замолчи“.
Целата случка беше забележана и од ТВ-камерите, а бразилските фудбалери по натпреварот го критикуваа капитенот на „гаучосите“.
„Меси вршеше притисок, им беше тешко на судиите, а во таа ситуација мораше да добие картон. Тој е еден од омилените спортисти во светот, па можеби и му се може да му покаже на противничкиот тренер за замолчи. Знаете, воспитувањето мора да ви биде на прво место, дури и кога ривалството е големо. Кај Меси тоа недостига“ – истакна Тијаго Силва.
#Messi asked Tite (Brazil’s coach) to be quiet ??
OMG, what happened to the ?!?pic.twitter.com/2WGHS96hT0
— Ⓜₐᵣᵢₐ ?? | ⚽ SZN (@Everyone_heart) November 16, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА