Македонската ракометна репрезентативка Наташа Нолевска е една од седумте ракометарки на романскиот клуб Корона Брашов која е вплеткана во допинг – скандал. Тие признале дека ја користеле недозволената интравенозна терапија во клиника во Брашов. Наташа Нолевска се најде и на списокот на селекторот Симе Симовски за меѓународниот турнир во Анталија.
Романските медиуми откриваат дека Наташа Нолевска е суспендирана од 27.ноември, откако признала за нелегалните активности на клубот, а ден претходно тоа го сториле три ракометарки. Вкупно седум ракометарки засега се вмешани во скандалот, а конечното сослушување и одлука од АНАД (Романска Антидопинг Агенција) треба да се случи на 4.декември.
Ова е втор случај на допинг во македонскиот ракомет, по Горан Кузманоски, ракометарот на Еурофарм Работник, кој ја „одлежа“ суспензијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА