Бод во Лондон во пресметката помеѓу Тотенхем и Лидс, со кој гостинскиот тим и дефинитивно опстана, додека Тотенхем и натаму ќе стравува за своето останување во Премиерлигата, на две кола до крајот.
Тотенхем испушти голема шанса да дојде до четири бодови предност пред Вест Хем, и да го доближи до Чемпионшип. Имаше водство тимот од Лондон, но на крајот гол од пенал му го донесе на Лидс ремито доволно за опстанок.
Матијс Тел постигна одличен гол со кој Тотенхем успеа да поведе во 50. минута од средбата. Доминик Калверт-Луин успеа да донесе „егал“ и бод за Лидс со погодок од пенал на 16 минути пред крајот на средбата.
Лидс имаше голема шанса преку Лонгстаф кој ја погоди пречката во 98. минута од средбата, односно одбрани Кински и со помош на рамката од голот успеа да го спаси Тотенхем и од пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
