Со натпреварот од против Загреб од СЕХА лигата утре, Еурофарм Пелистер ќе ја затвори годината на домашен терен. Битолскиот тим заврши со настапите во Лигата на шампионите и до крајот на 2019 има уште три дуели со регионалното натпреварување. По средбата со Загребе ќе треба да оди на гостувањата кај Веспрем и кај Спартак Москва.
„Сите знаеме кој ривал ни доаѓа утре. Доаѓа млада и мотивирана екипа, предводена од играчката и тренерска легенда Веселин Вујовиќ. Тој е човек ги мотивира младите ракометари, играат агресивно и многу добро. Сигурен сум дека ќе одиграме изедначен и докрај неизвесен натпревар. Имаме мали повреди, Кукоски ја обнови повредата, уште не сме залечени, но ќе парираме на големиот ривал. Ги повикувам сите симпатизери, да дојдат да нè бодрат, бидејќи овие момци заслужуваат поддршка“ – вели во пресрет на натпреварот, тренерот на екипата, Божидар Мојсов
По шест одиграни натпревари, Еурофарм има четири победи ви два порази и е на третото место на табелата во групата Б. Во првиот дуел до Загреб, Еурофарм загуби минимално со 25-24.
„Ни следи тежок натпревар, знаеме каков ривал е ППД Загреб. Искусни се од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Наше е да направиме публиката да ужива и да ја испратиме годината со позитивен резултат. Се надевам дека ќе добиеме адекватна поддршка за да ја оствариме целта“ – вели Градимир Чаневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА