Најавите за бројни тужби и судски постапки ја приндуваат холандската Прва лига да ја преиспита одлуката за крај на сезоната. Минатата седмица Лигата соопшти дека прогласува прекин и тоа без шампион и без испаѓање и влегување на нови тимови.
За очекување беа бурните реакции и заканите со тужби со оглед на крајно неповолната ситуација во која се најдоа дел од клубовите. Пред се Ајакс и АЗ Алкмар кои имаа едков број бодови и им беше ускратено правото да се борат за титулата. Тука се и клубовите кои имаа можност да изборат пласман во елитата, како Камбур на пример кој во моментот на прекинот е со 11 бода предност на врвот на втората лига.
Сега најавите се дека би можело да има промена на одлуката ако на пример една половина и плус еден од клубовите гласат за продолжување на шампионатот. Дополнителни проблеми прават и финаиските комплкации. Лигата бара 350 милиони евра од холандската влада како помош фудбалот да го преживее кризниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА