Гус Хидинк не размислува на пензија ниту на 73-годишна возраст, откако искусниот стратег се реши да прифати нов предизвик во кариерата – да стане селектор на Курасао.
Малкумина знаат каде точно се наоѓа оваа карипска држава со 160.000 жители, но тоа не му пречеше на Холанѓанецот да потпише договор да го води Курасао во квалификациите за СП 2022.
„Беше тешко да се одбијат. Ја прифатив понудата, целта пред нас е јасна – Курасао да заигра на СП 2022“, истакна Хидинк, кој во кариерата досега беше селектор на Холандија, Јужна Кореја, Австралија, Русија, Турција и на Кина, а на клупски план ги водеше Реал Мадрид, Челси, Валенсија, Фенербахче…
Холанѓанецот ќе дебитира на клупата на новата репрезентација во октомври, на стартот од квалификациите во КОНКАКАФ ЗОНАТА (Северна и Средна Америка).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА