Алекс Душебајев го предводеше Киелце до голема победа во Скопје над Вардар, но шпанскиот ракометар е свесен дека полскиот првак нема да има нималку лесна задача на утрешната нова пресметка меѓу овие два тима. Душебајев, кој и самиот неколку години со успех го носеше дресот на Вардар, е свесен дека „црвено-црните“ ќе сторат се за да му возвратат со иста мера на Киелце.
„Победивме во Скопје, но дуелот во среда ќе биде сосема поинаква приказна. Погрешно е затоа што сме победиле во Скопје да мислиме дека ќе ни биде лесно во Киелце. Вардар сака реванш, во тоа не се сомневам, и ќе се бори за тоа од првата до последната минута. Многу работи се променија во Вардар откако јас си заминав, но едно остана исто – столбовите на тимот, познати и искусни ракометари. Затоа, Вардар го задржа и својот карактер, желба за победа на секој меч и мораме да го почитуваме овој ривал“, истакна Алекс Душебајев.
Натпреварот меѓу Киелце и Вардар се игра утре со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА