Вардар и дефинитивно веќе нема да игра натпревари од Лигата на шампионите до крајот на 2020 година. „Црвено-црните“ требаше на 22. декември да му гостуваат на унгарскиот тим, во меч од третото коло кој веќе еднаш беше одложуван.
Сепка, од таборот на се уште актуелниот европски шампион побараа ново одложување поради проблеми со заразени ракометари. Од тимот информираа дека натпреварот повторно е одложен, а новиот термин за негово одигрување се уште не е познат, а најверојатно ќе биде по новогодишните празници.
Вардар сезонава во Лигата на шампионите одигра само пет натпревари во кои забележа една победа, едно реми и три порази. Во моментов се наоѓа на претпоследното место на табелата во А групата со три освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА