По победата над МЗТ Скопје во претходното коло, Еуро Никел сега ќе се обиде да го изненади и вториот фаворит од главниот град, Работнички и да стигне до четвртата победа во сезоната.
Избраниците на Горан Самарџиев пружија добар натпревар во Аеродром каде успеаја да го сведат актуелниот шампион на само 75 постигнати поени, а добрата одбрана повторно ќе биде адут на „сино-белите“.
„Уште еден тешок натпревар е пред нас, натпревар против уште еден АБА лигаш. Екипата на Работнички е многу искусна, добро пополнета на сите позиции, но на нас е да им одговориме со добра одбрана на нивниот напад и на нивните шутери кои се многу опасни доколку влезат во серија. Тренерот Самарџиев и неговите помошници добро се припремаат за секој натпревар, па на нас ни останува само да го спроведиме замисленото. Се надевам на добар натпревар, па нека победи подобриот“ – изјави Данило Мијатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

