Словенецот Лука Дончиќ, зборуваше за минатогодишниот плеј-оф и божиќниот меч против Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс, но и личните очекувања од продолжението на сезоната.
„Се радувам што мојот прв божиќен натпревар ќе биде против Лејкерс. Мислам дека можам да бидам МВП, но тоа не е мојата главна цел. Убаво е да сум фаворит за признанието, но моја главна цел е НБА титулата. Тоа не е само моја цел туку на целата франшиза. Се надевам дека еден ден ќе ни тргне тоа од рака“, изјави Дончиќ.
Натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс ќе се игра вечерва во 2 часот по полноќ по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

