Кајл Кузма би можел да го напушти Лос Анџелес Лејкерс и да премине во Њујорк Никс, пренесуваат американските медиуми.
Тој во „големото јаболко“ би преминал во размена за Кевин Нокс и два пика од втората рунда на драфтот во 2021 година. Нокс не ги оправда очекувањата во Њујорк, додека Кузма би требало во „Медисон сквер гарден“ да донесе шампионски менталитет.
Од друга страна Лејкерс одлично го средија тимот за сезонава, а Кузма изгледа како да е вишок и покрај солидните партии кои ги прикажува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА