Младиот боксер од Јордан, Рашид ал Свајсат почина во болница единаесет дена откако претрпе нокаут на Светското јуниорско првенство во Полска, пренесе Меѓународната боксерска федерација (АИБА).
18-годишникот повреда доживеа во борбата против Естонецот, Антон Виноградов. Веднаш му беше пружена помош во рингот, по што итно беше пренесен во болница каде беше опериран. Борбата за неговиот живот траеше единаесет дена, но на крајот не успеа да ја добие.
Ал Сваисат се бореше во прелиминарната рунда на шампионатот кога доживеа тежок нокаут од Виноградов и загуби свест.
??#Jordanese ?Boxer, Rashed Al-Swaisat finally pronounced dead, 10 days after collapsing in a bout with Anyone Winogradow in Poland #aibaboxing #coreafriqueboxingpromotion #BoxingNews pic.twitter.com/aAiBXNQUPc
— Core Afrique Boxing Promotion (@CAB_Promotion) April 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА