Жозе Мурињо по очајната сезона со Тотенхем доби отказ од лондонскиот тим, но на стратег му беа потребни само десет дена за да најде нов ангажман. Португалецот не седнува на „жешкото столче“ на некој клуб, туку во пресрет на Европското првенство својата експертиза ќе ја нуди преку кулумни за англискиот медиум ‘The Sun’.
Покрај тоа Мурињо ќе биде дел и од стручниот кадар на ‘TalkSPORT’ каде ќе дава најави и ексклузивни изјави за дуелите на Европското првенство.
„Тренерскиот ангажман веќе ми недостасува, а за мене ова ќе биде нешто нови и неверојатно“, изјави Мурињо.
“It’s something new, it’s incredible.”
???? ???????? ????? ?????????! ?
✅ A special Euros with the Special One pic.twitter.com/q0gIiwv79c
— talkSPORT (@talkSPORT) April 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА