Лукаку: Бензема е најдобриот напаѓач во светот

Белгискиот интернационалец, Ромелу Лукаку откри дека според него најдобар напаѓач во светот е Карим Бензема.

Одличниот Белгијанец кој е еден од главните „виновници“ за освојувањето на титулата на Интер во Серија А по пауза од 11 години, смета дека во моментов најдобар е Французинот кој ја игра можеби и најдобрата сезона во дресот на Реал Мадрид.

„Што се однесува до најдобар напаѓач во моментов во светот, тоа е Карим Бензема“, изјави накратко Лукаку. 

Францускиот интернационалец сезонава одигра 30 натпревари за „кралевите“ во Ла лига и постигна 20 гола.

Се вчитува...