Во моментов од фудбалските репрезентации, актуелни се женските кои играат квалификации. Вчера Македонија загуби со 9:0 на гостувањето во Северна Ирска, само неколку дена откако во Скопје беше 0:11 за фудбалерките од Северна Ирска.
Но, дека има и полоши од нашата селекција, покажа Летонија која загуби неверојатни 20:0 од Англија. Англичанките постигнуваа гол на секои три минути, а во 18. минута веќе имаа 6:0. На полувремето водеа 8:0, а во вториот дел дадоа уште 12.
Инаку Англија е следен противник на Македонија, дуел кој се игра на 8. април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА