Македонија ќе биде и дефинитивно посилна за утрешниот натпревар против Црна Гора во 2. коло од групната фаза на Европското првенство 2022.
Голманот Никола Митревски вечерва пристигна во Дебрецин со овации од своите соиграчи пречекан во репрезентативната база во унгарскиот град.
Како што е познато, Митревски не отпатува со националниот тим поради позитивен тест на Ковид-19 во Скопје. Но, откако потоа следните негови тестови во македонскиот главен град беа негативни тој денеска отпатува за Дебрецин по што веднаш беше тестиран. Првиот негов тест во Унгарија е негативен и се очекува утре да биде ставен на располагање на селекторот Кире Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА